ВИДЕО: Дејвис се врати во тимот, но Дончиќ и Далас го решија шампионот!

Далас Маверикс запиша нова победа во НБА лигата, откако во својот „Американ Еирлајнс Центар“ го победи Лос Анџелес Лејкерс со 115-110. Иако во редовите на шампионот се врати Ентони Дејвис, ѕвездата одигра резервирано и не му помогна премногу на тимот. Од друга страна, Лука Дончиќ беше најдобар и за малку не реализира троен ефект, а натпреварот го заврши со 30 поени, девет скокови и осум асистенции.

  • Далас Маверикс - Лос Анџелес Лејкерс: 

Кај Лејкерси најпрецизен беше Колдвел-Поуп со 29 поени, а најкорисен беше Денис Шродер со 25 поени и 13 асистенции. Силен „дабл-дабл“ имаше и Андре Драмонд, кој покрај 14-те поени запиша и неверојатни 19 скокови. Лејкерси сè уште го очекуваат враќањето на Леброн Џејмс, а очигледно ќе биде потребно малку време и Дејвис да се врати во старата форма. 

  • Милвоки Бакс - Филаделфија 76ерс: 

Милвоки ја продлабочи кризата на Филаделфија и дома ја победи со 124-117. Јанис Антетокумбо одигра одличен натпревар, со 27 поени и 16 скокови беше далеку најкорисен играч на средбата. Недоволно за добар резултат беа солидните партии на Џоел Ембид и Милтон, па 76ерси го запишаа и третиот пораз во низа. 

  • Бостон Селтикс - Феникс Санс: 

На останатите терени, Бостон слави против Феникс (99-86), Сан Антонио беше подобар од Детроит (106-91), Чикаго го реши Шарлот (108-91), а Њу Орлеанс триумфира на гости кај кај Орландо (100-135).