• Иван Димовски

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси запишаа трета победа во низа, откако дома славеа против Оклахома Сити Тандер со 116-111. „Езерџиите“ целат кон враќање во плеј-офот“ по една година пауза, па во моментов се на чекор зад екипите на позициите кои водат таму.
- Лос Анџелес Лејкерс - Оклахома Сити Тандер:
На пресметката со Оклахома во „Крипто.ком Арена“ се истакна Ентони Дејвис, кој презеде одговорност и блесна во вистински момент. Атлетски доминантниот центар имаше силен „дабл-дабл“ од 37 поени и 15 скока. Кај Тандерси се истакнаа Гиди и Гилџус-Александер со по 27, меѓутоа недоволно за победа во Калифорнија.
Недоволен за триумф на Далас беше и настапот на Лука Дончиќ, кој, иако имаше своја вечер, сепак загуби од Шарлот со 109-117. Словенечкиот плејмејкер беше на чекор до „трипл-дабл“ ефект со 34 поени, десет скока и осум асистенции, но гостинот се радуваше во Тексас. Кај Хорнетси се истакна Вашингтон со 28 поени, додека Хејвард уфрли три поени помалку.
На останатите терени, шампионот Голден Стејт ја победи Филаделфија (120-112) и покрај одличната партија на Џоел Ембид, домашни славја запишаа и Бостон со Индијана (120-95), Вашингтон против Спурси (136-124), Торонто против Детроит (118-97), Мемфис со Хјустон (151-114) и Сакраменто во пресметката со Феникс (135-127). Како гости единствено победија кошаркарите на Милвоки во Јута (116-144).