• Иван Димовски
Кошаркарите на Далас Маверикс славеа на гостувањето кај Денвер Нагетс со 121-131 во НБА лигата. Ентони Дејвис конечно покажа зошто тимот од Тексас за него се откажа од Лука Дончиќ. Крилниот центар беше најдобар на паркетот во „Бол Арена“ и уфрли 32 поени, а фати и 13 скока. Со тоа го засени дури и Никола Јокиќ кој имаше „трипл-дабл“ со 29 поени, 13 асистенции и 20 скока, не успеа да го поведе Денвер до победата.
- Денвер Нагетс - Далас Маверикс:
По седум победи во низа Лос Анџелес Лејкерси загубија од Феникс Санс со 108-125. Успеа гостинот во Калифорнија да ги надигра домашните и предводен од Брукс кој уфрли 33 и Гилеспи кој имаше 28 поени стигна до победата. Најдобар поентер беше Лука Дончиќ кој го заврши мечот со 38 поени и 11 скока, а катастрофален беше Леброн Џејмс кој имаше само 10 поени со „три од десет“ шутеви од поле.
- ЛА Лејкерс - Феникс Санс:
На останатите терени победи забележаа Јута, Орландо, Мајами, Бруклин, Вашингтон, Кливленд и Детроит.










