Дејвис: Почнавме како аутсајдери, од „нула“ се изборивме за ова полуфинале!

Американскиот бек на ТФТ Скопје, Дејвис Жуниор ја најави полуфиналната серија против Сутјеска во АБА-2 лигата. Тој е благодарен за шансата да игра во оваа фаза на натпреварувањето, нагласи дека тимот почнал како аутсајдер, а сега се бори и за финале.

„Прво и најважно, благодарен сум што Бог ни ја даде оваа можност да играме во полуфиналето на АБА2 лигата. Поминавме сезона со подеми и падови, па затоа сме подготвени за предизвикот. Започнавме како аутсајдери и од самиот почеток нашиот менталитет беше да се избориме за големи работи од нула. Имаме почит кон Сутјеска и заедно ќе приредиме одлично шоу за сите што ке го гледаат“, изјави Американецот.

Првиот меч од серијата се игра попладнево во 18:00 часот во Црна Гора, а за седум дена ТФТ ќе го дочека ривалот во Скопје.