Дејвис откри: Што се случуваше во авионот на Лејкерс кога се дозна за смртта на Коби

Ентони Дејвис, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, откри каква била атмосферата во авионот на „езерџиите“ кога се дознало за смртта на клупската и НБА-легенда Коби Брајант.

Брајант загина во хеликоптерска несреќа заедно со уште осум лица, меѓу нив и неговата ќерка Џиана. За смртта на Коби, кошаркарите на ЛА Лејкерс дознале во авион додека се враќале од гостување во Филаделфија.

„Не можам да спијам во авион, обично гледам некој филм. Бев фокусиран, но забележав дека Хауард и Казинс ми велат да ги спуштам слушалките. Го направив тоа, а тие ми кажаа дека Коби починал. Прашав за кој Коби се работи, затоа што бев сигурен дека тоа не е Коби Брајант. Ми повторија дека е Коби, но не можев да верувам. Леброн Џејмс спиеше во тој момент. Почнав да го будам, но тој не веруваше на информацијата и ни кажа да престанеме да го зафркаваме. Кога информацијата се потврди, беше неверојатно погоден и повреден. Хауард побегна во тоалетот, но сите чувме дека плачеше и петлечеше. Џејмс не можеше да се воздржи и го направи истото. Тоа беше најдолгиот лет за мене“; раскажа Дејвис.

41-годишниот Брајант беше легенда на Лос Анџелес Лејкерс и целиот свој живот како играч им го посвети на „езерџиите“. „Црната Мамба“ имаше пет НБА-титули, а двапати беше МВП на финалињата.