ВИДЕО: Дејвис лидер во триумфот над Денвер, фантастични партии за Кари и Вестбрук

Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс и без своите први ѕвезди успеа да ја прекине серијата порази и да слави на домашен терен против Денвер Нагетс (93-89). Прво име кај шампионот беше Ентони Дејвис кој заврши со 25 поени и ја презеде одговорноста во отсуство на Леброн Џејмс и Денис Шредер. Гостите и покрај поразот обезбедија место во плеј-офот, поради неуспехот на Портланд против Атланта.

Нов нереален натпревар одигра Расел Вестбрук кој со „трипл-дабл“ донесе победа за Вашингтон над Индијана (154-141). Плејмејкерот постигна 14 поени, 21 скок и 24 асистенции, што е негов личен рекорд. 

Богдановиќ и Гобер ја водеа Јута во домашен триумф против Сан Антонио (110-99). Лидерот во Западната конференција си ја заврши работата уште во првото полувреме и потоа рутински ја одбрани предноста.

Одличниот Стеф Кари со 41 поени ги задржи шансите на Голден Стејт на гостувањето кај Њу Орлеанс (108-123). Помош доби од Дрејмонд Грин кој оствари „трипл-дабл“ со десет скока, 13 скока и 15 асистенции.

Гостински победи запишаа Филаделфија, Орландо и Њујорк.

Најнови вести од
НБА, САД