• Иван Димовски

Кошаркарите на МЗТ Скопје повторно поведоа во финалната серија во Првата лига на Македонија против Пелистер, откако славеа во третиот натпревар со 86-62. Битолчани премногу грешеа, а тоа го казни шампионот кој дојде до убедлива победа.
Еден од најрасположените на паркетот беше Хуан Дејвис. Американскиот центар уфрли 14 поени во кошот на Пелистер, а ја забавуваше и публиката. Дејвис во три наврати при контра напади изведе атрактивни забивања кои предизвикаа одушевување на аеродромци.
- Трите забивања на Хуан Дејвис:
Пелистер мора да победи на следниот натпревар во Битола кој е закажан за в петок во 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.