ВИДЕО: Дејвис извикна „КОБИ“ по тројката за победа над Денвер

Дејвис

Ентони Дејвис одново го доби директниот дуел со Никола Јокиќ и обезбеди сигурни 2-0 за Лос Анџелес Лејкерс во финалето на западната конференција.

Крилниот центар на „езерџиите“ ја постигна тројката за победа и ги сруши надежите на Денвер Нагетс дека ќе израмнат во серијата. По маестралната завршница, ѕвездата на Лејкерси извикна „Коби“, во чест на легендата на славната франшиза.

Коби Брајант беше познат по ваквите реализации додека активно играше во НБА лигата. Фановите секогаш ќе се сеќаваат на неговата ладнокрвност во последните секунди од натпреварите, кога беше потребен херој за победа.

Лејкерси играат за прво НБА финале по 2010 година, кога Коби го предводеше тимот кон НБА титула.