ВИДЕО: Дејвис и Леброн ја надиграа Јута, Лејкерси го осигураа врвот на Западот

Според најавите и квалитетот на ростерот, сосема очекувано Лос Анџелес Лејкерс го обезбеди првото место во Ззпадната конференција на НБА лигата. „Езерџиите“ ја совладаа Јута Џез со 116-108 и по девет години се прв носител во својата конференција.

Ентони Дејвис со 42 поени и 12 скока беше прво име на натпреварот. До следеше Леброн Џејмс, кој за „влакно“ остана без „трипл-дабл“ учинок, откако крај своето име запиша 22 поени, девет асистенции и осум скока. Кај Јута се истакнаа Мичел со 33, Конли со 24 и Гобер со 16 поени.

  • Лос Анџелес Лејкерс - Јута 116-108:

  • Натпреварот на Ентони Дејвис:

Њу Орлеанс Пеликанс го надигра Мемфис со 109-99, а Вилијамсон вгради 23 поени за 25 минути игра.

  • Њу Орлеанс - Мемфис 109-99:

Филаделфија го совлада Сан Антонио со 132-130, со тројката на Шејк Милтон на 6,1 секунди до крајот.

  • Сан Антонио - Филаделфија 132-130:

Џоел Eмбид беше најефикасен кај Филаделфија со 27 поени, a Демар Дерозан со 30 ги предводеше „мамузите“.