Дејан Радоњиќ си замина од Црвена Звезда и се договори со ПАО

Дејан Радоњиќ

Црногорскиот стручњак Дејан Радоњиќ си замина од Црвена Звезда на крајот од тековната сезона, но не чекаше долго да добие нов ангажман.

Како што пишуваат грчките медиуми тој ќе застане на клупата на Панатинаикос. Гигантот од Атина му понудил подобри услови и го убедил да ја промени работната средина.

Низ кариерата 52-годишникот ги водеше уште Будуќност и Баерн Минхен. Со „црвено-белите“ во пет наврати се радуваше на титулата во АБА лигата, а исто толку трофеи освои во српскиот шампионат и Купот.

Последен тренер на ПАО беше Димитриос Прифитис, кој заработи отказ по еден домашен пораз од лутиот ривал Олимпијакос.