Дејан Бодирога ја презеде Евролигата и најави „нова ера“

Дејан Бодирога

Славниот српски кошаркар Дејан Бодирога и официјално ја презеде претседателската функција цо Евролигата. Тој доаѓа на местото на Жорди Бартомеу, кој цели 22 години беше на чело на најдоброто клупско натпреварување во Европа.

Новиот прв човек на европската клупска кошарка со своето искуство ќе помага во имплементација на новитети и подобрување на натпреварувањето во иднина.

„Влегуваме во нова ера во Евролигата. Во изминатите 20 години видовме како најсилното европско кошаркарско натпреварување се етаблира како сила во глобалниот спорт. Сакам да му се заблагодарам на Жорди Бартомеу и неговиот тим за нивната визија и напорна работа, и со нетрпение очекувам да продолжиме да го шириме влијанието на Евролигата и Еврокупот“, изјави Србинот.

Бодирога важи за еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, кој во својата играчка кариера освои три трофеи во Евролигата. Исто така, победил во првенствата во Шпанија, Италија и Грција, а замина во пензија како член на Виртус Рома во 2007 година.