• Симеончо Стоиков
Македонскиот репрезентативец Александар Костоски по само неколку дена поминати во новиот клуб Питешти го имаше официјалното деби на еден натпревар, и тоа деби мина мошне успешно.
Костоски во својот прв натпревар за Питешти, дојде до победа откако беше совладан составот на Орадеа со резултат од 76-64, а притоа беше најефикасен во својата екипа. Македонецот мечот го заврши со 23 поени (3/5 за два поени, 5/9 за три поени и 2/2 од линијата за слободни фрлања), а придодаде и 4 асистенции и 3 скока.
Со денешното издание и прикажаната игра, Костоски уште на самиот старт наговести дека ќе биде огромно засилување за Питешти во продолжение од сезоната.