Де Коло: Европска титула со Фенербахче ќе биде совршен крај на кариерата!

Францускиот кошаркар Нандо Де Коло најави дека би можел да ја заврши својата богата кариера доколку неговиот Фенербахче успее да ја освои титулата во Евролигата оваа сезона.

Искусниот 38-годишен бек истакна дека таков успех би бил идеален начин да се стави точка на неговата долга и успешна кариера во европската кошарка.

„Ако ја освоиме Евролигата, тоа би можел да биде совршен крај“, изјави Де Коло, оставајќи отворена можност по завршувањето на сезоната да се повлече од активното играње.

Де Коло важи за еден од најдобрите европски кошаркари во последната деценија. Во својата кариера има освоено две титули во Евролигата (двете со ЦСКА Москва), а во 2016 година беше прогласен за најкорисен играч на натпреварувањето.

Французинот е и меѓу најдобрите стрелци во историјата на Евролигата и еден од играчите кои оставија силен белег во европската кошарка во последните години.