Давитков: Најслабо откако дојдов за селектор, Бериша беше „оружјето“ на Косово

Македонските кошаркари синоќа го одиграа првиот натпревар во рамки на претквалификациите за Светското првенство 2019 година во Кина и загубија со 72-68 на гости против Косово.

Сепак и покраj поразот според селекторот Јорданчо Давитков следат подобри денови за нашиот национален тим.

„Мислам дека одигравме најслабо, откако го преземав кормилото на репрезентацијата. Косово ја имаше контролата уште во првиот период, постигнаа многу поени, најмногу од рекетот каде беа доминантни, па затоа разликата на крајот од првото полувреме беше 20 поени. Знаевме дека Дардан Бериша е „оружјето'“ на Косово, тој е вистински лидер и одличен играч. Во вториот дел одигравме многу подобро, но беше тешко да се вратиме од 20 поени негатива во таква атмосфера. Косово имаше непоколеблива поддршка од навивачите. Сè беше совршено во однос на организацијата, безбедносни и други технички делови во овој натпревар“, истакна селекторот Давитков по завршување на натпреварот.

Капитенот Војдан Стојановски со 19 поени и Џордан Теодор со 20 беа еден од најефикасните макеоднски кошаркари на теренот.