Давитков: Го отсековме Кјурик, заслужено ја надигравме Словачка!

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков, е задоволен од триумфот над Словачка во 1. коло од претквалификациите за ЕП 2021. Искусниот стратег со репрезентацијата дојде до значајна победа, а вели дека за тоа е „виновна“ добрата одбрана на мечот.

„Изигравме добар натпревар. Во секој случај, особено во првите три четвртини игравме одлично. Играчите го испочитуваа се она за кое се договоривме пред натпреварот. Игравме одлична обрана на Кјурик, успеавме да го отсечеме комплетно. Во последната четвртина малку ни опадна концентрацијата, тие погодија некои нелогични тројки. И покрај тоа, ние цело време имавме контрола над резултатот. Секако дека сум задоволен од играта и од победата, со мислите одиме понатаму“, изјави Давитков по средбата.

Наредниот меч од претквалификациите Македонија го игра за три дена, кога во Скопје ја пречекува селекцијата на Швајцарија во рамки на 2. коло од циклусот.