Давитков: Буштур, од тебе ја презедов траката - беше и секогаш ќе бидеш ЛЕГЕНДА!

Смрта на Благоја Георгиевски - Буштур е голема загуба за македонскиот спорт. Оние кои добро го познаваа, беа негови пријатели, колеги, познаници се сеќаваат и го испраќаат во вечноста.

Јорданчо Давитков, легендата на Работнички и поранешен селектор, на социјалните мрежи се прости од Буштур.

„Легендите не умираат, живеат засекогаш во нас. Ја имав честа заедно да играме во Работнички, од тебе да ја преземам капитенската лента. Ми беше селектор во репрезентацијата на Македонија. Беше и ќе бидеш засекогаш – легенда на македонската и југословенската кошарка. Почивај во мир и нека ти биде вечна слава Буштур“, напиша Давитков на својот Фејсбук-профил.

Буштур цели 16 години настапуваше за Работнички, а Давитков две години повеќе, па двајцата се легендите со најголем стаж во најтрофејниот македонски клуб.