Даскаловски прозиваше, МЗТ Скопје Уни Банка прв почна со подготовки

Младите ракометари на МЗТ Скопје Уни Банка, први меѓу прволигашите, почнаа со подготовки за новата сезона. Предводени од новиот тренер Борче Даскаловски, иднината на Аеродром излезе на теренот и одработе серија модерни тестови, кои на стратегот му дадоа податоци за тоа со што располага и на што ќе треба да се фокусира до стартот на првенството.

Напорот воопшто не им дојде тешко на нашите кошаркари, среќни што, конечно, му се вратија на спортот што најмногу го сакаат со оглед на петмесечната пауза поради пандемијата до ковид-19. Денешниот тренинг мина со целосно запазување на протоколот на КФМ, чија примарна цел е заштита на играчите и останатите од тимот.

Новата сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија предвидена е за месец октомври.