• Иван Димовски
Кошаркарите на Пелистер претрпеа висок пораз од Цедевита Јуниор (74-95) во ФИБА Европа купот.
Пресметката во Битола не беше најдобра за „зелено-белите“, а по натпреварот тренерот Борче Даскаловски ги посочи главните проблеми во играта на неговиот тим.
„Ни се провлекува горчлив проблем, а тоа е пристапот во одбраната. Повторно правиме некои грешки со почетнички работи, а во Европа тоа скапо чини. Успеавме да се вратиме, да покажеме карактер, меѓутоа во тој процес голем дел од играчите физички се потрошија. Немаме голем фонд на играчи да држиме таков ритам и за жал повторно дојдовме во ситуација да имаме голема негатива. Како и да е, приодот во одбраната и почетничките грешки нè чинеа многу на овој натпревар“, изјави Даскаловски.
Пелистерци имаат победа и три порази во Европа купот, па пласманот понатаму е под знак прашалник. Во следното коло македонскиот тим гостува кај Приевидза, натпревар кој може да биде клучен.



