• Саше Љолес

Управата на Бадел 1862 објави дека тренерот Дарко Димитријевиќ потпиша нова соработка која ќе трае до крајот на следната сезона.
Димитријевиќ зад себе има одлична сезона на клупата на Бадел 1862. И покрај играчките проблеми со кои тимот се соочуваше во текот на минатата сезона, успеа да создаде тим кој се бореше до самиот крај и стигна до финалето на плеј-офот.
На патот до финалето, Димитријевиќ и Бадел 1862 успеаја да елиминираат поквалитетни и поискусни противници, покажувајќи дека со вистински пристап, борбеност и верба во тимот може да се направи многу.