• Зоран Мишевски
Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Дарио Шариќ официјално се врати во Анадолу Ефес, потпишувајќи договор со турскиот гигант по десет години поминати во НБА лигата. Хрватот веќе го носеше дресот на овој клуб од 2014 до 2016 година.
Во својата деветгодишна кариера во НБА лигата, Дарио Шариќ одигра 498 натпревари во регуларниот дел од сезоната и оствари просек од 10,3 поени, 5,3 скокови и 1,9 асистенции по натпревар.Неговиот зенит беше во сезоната 2017/2018 со Филаделфија 76ерс. Тогаш како стартер постигнуваше по 14,6 поени, 6,7 скокови и 2,6 асистенции по натпревар, со одлични 39,3% зад линијата за три поени
Шариќ беше избран како 12-ти пик на драфтот во 2014 година, а во текот на НБА кариерата ги носеше дресовите на Филаделфија, Минесота, Феникс, Оклахома, Голден Стејт и Сакраменто.
