Д'Антони е минато, Хјустон се раздели со тренерот по поразот од Лејкерс

Рокетс

Сопственикот на Хјустон Рокетс, Тилман Фертита, ја потврди разделбата со првиот тренер Мајк Д'Антони.

Тоа беше очекувано со оглед на новиот неуспех на тимот во НБА плеј-офот. Оваа година „ракетите“ застанаа во полуфиналето на Западот, каде загубија со убедливи 4-1 против Лос Анџелес Лејкерс.

Хјустон форсираше брза игра без класичен центар и се потпираше на шутевите за три поени. Првите ѕвезди Џејмс Харден и Расел Вестбрук беа конкурентни само на првиот меч, а потоа беа прегазени од Леброн Џејмс и соиграчите.

Во регуларниот дел од сезоната во изминатите четири години, Д'Антони запиша 217 победи и 101 пораз. Меѓутоа амбицијата на клубот е да стане НБА шампион, што стратегијата на 69-годишникот не успеа да го донесе.

 

Најнови вести од
НБА, САД