Данска ќе биде домаќин на Македонија во „Нествед Арена“

Нествед

Првиот натпревар од вториот круг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година Македонија ќе го одигра на гостински терен кај Данска.

Скандинавската репрезентација откри каде ќе биде домаќин на нашата сениорска репрезентација. „Нествед Арена“ ќе биде местото каде македонските кошаркари ќе гостуваат. Градот Нествед се наоѓа на 70 километри од Копенхаген.

Оваа сала има капацитет од 3.000 места. На ова место Данците беа домаќини на Норвешка и Косово во првата претквалификациска фаза за Европското првенство.