• Горан Упале

Данскиот кошаркар, Ифе Лундберг, е нов член на кошаркарскиот клуб Партизан, на социјалните мрежи потврди белградскиот гигант.
Претходните две сезони 29-годишниот Лундберг ги мина во Виртус Болоња, а навивачите на Партизан добро се сеќаваа на него, откако Данецот постигна шутеви за победа на италијанскиот клуб во двата дуели сезонава.
Сега „Гробарите“ се надеваат дека Данецот би можел на ист начин да решава натпревари во преполната белградска Арена, но во корист на Партизан.
Во текот на кариерата Лундберг ги бранеше боите на Копенхаген, Хорсенс, Манреса и Канаријас. Минатата сезона во тимот на Виртус имаше скор од 9,4 поени, 2,1 скок и две асистенции во Евролигата. Лундберг е второто засилување на Партизан ова лето по Вања Маринковиќ.
Исто така нов член на белградски Партизан е и Френк Ниликина кој е доскорешен играч на Шарлот Хорнетс од НБА-лигата. Тој потпиша двегодишен договор со црно-белите.