• Горан Упале
Дамјан Стојановски, еден од најдобрите кошаркари на МЗТ Скопје смета дека не треба да размислуваат на тоа што се случи во првата средба од четвртфиналето во АБА2 лигата.
„Штрковите“ пред својата публика со убедливи 85-69 го совладаа Широки и се во многу поволна позиција за пласман во полуфиналето. Но, сепак, морат да одиграат на ниво и на реваншот.
„Ова е средба во која не треба да размислуваме на тоа што се случи пред седум дена во Скопје и во неа да влеземе како резултатот да е 0-0. Треба да бидеме цврсти во одбраната и агресивни во нападот исто како и на првата средба. Со таков пристап, сигурен сум дека ќе бидеме многу блиску до вкупна победа во дуелот со Широки, кој сигурно нема однапред да се предаде“, вели Стојановски.
На првата средба Дамјан постигна осум поени, додека најпрецизен кај МЗТ Скопје беше неговиот брат Војдан со 21 поен.