Дамјан Стојановски по 20 години се збогува со националниот тим!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски и официјално заминува во пензија на 37-годишна возраст, потврдено е на последниот квалификациски натпревар за ЕП 2025 против Полска.

37-годишниот кошаркар на МЗТ Скопје цели 20 години играше во дресот со државниот грб. Во 2005 година почна со младинските категории, а во сениорскиот состав влезе во 2009 година и оттогаш беше незаменлив во првата петорка.

Зад своето име Стојановски има 66 одиграни натпревари, дебито меѓу сениорите му беше против Грција на ЕП 2009 во Полска.