Дамјан Стојановски петти пат МВП во финалињата во кошарката

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски ја збогати својата колекција со уште една титула и уште едно големо признание.

36-годишниот кошаркар на МЗТ Скопје е прогласен за МВП на финалната серија меѓу МЗТ Скопје и Пелистер, која аеродромци ја добија со сигурни 3-0 и се крунисаа за старо-нови шампиони на Македонија.

За Стојановски ова беше петто МВП-признание во финалињата. Последен пат беше во 2019 година, а претходно и во 2016, 2014 (МЗТ) и 2010 година, кога беше дел од Фени Индустри.

Дамјан Стојановски е рекордер по бројот на МВП награди во финалињата, зад него е Ѓорѓи Чековски со три награди, додека неговиот брат Војдан Стојановски, Тодор Гечевски и Диме Тасовски имаат по две.