Дамјан Стојановски – МВП на финалето во Купот на Македонија

Дамјан Стојановски беше лидер на МЗТ Скопје во победата над Работнички во финалето од Купот и по средбата во СРЦ „Кале“ беше прогласен за најкорисен играч на завршницата на турнирот.

Македонскиот репрезентативец дуелот го заврши со 19 постигнати поени и Работнички немаше лек за него. Едни од најдобрите поени беа онаа клучна тројка на две минути пред крајот, кога МЗТ се вивна кон тронот.

Токму затоа, Стојановски го понесе МВП признанието. Ова за него беше трето МВП признание во кариерата, а како кошаркар го освои седмиот трофеј во Купот на Македонија, што го прави уникат и можеби најтрофеен кошаркар од сите во историјата во ова напреварување.

МЗТ го освои десеттиот Куп-трофеј, а сега е фокусиран на домашната сцена каде следи плеј-офот.