Дамјан Саздов повторно беше дел од европската тренерска елита

Македонскиот кошаркарски тренер Дамјан Саздов повторно доби големо признание, откако втора година по ред е избран меѓу учесниците на престижната тренерската клиника на ФИБА.

Оваа година клиниката се одржува во Тренто, Италија, во рамките на Европското првенство за кошаркари до 18 години, А Дивизија, каде што се собираат најдобрите европски тренери, кошаркарски експерти и најталентираните млади играчи од континентот.

Саздов повторно ќе има можност да го надгради своето знаење под менторство на легендарниот Светислав Пешиќ, еден од најуспешните европски тренери, како и да разменува искуства со колеги од цела Европа.

Фактот што две години по ред е дел од оваа престижна тренерска клиника претставува големо признание за неговата работа и посветеност, но и уште една потврда дека македонските тренери можат рамноправно да бидат дел од европската кошаркарска елита.