Дамјан Миса потпиша тригодишен договор со Куманово

Македонскиот младински кошаркарски репрезентативец Дамјан Миса потпиша тригодишен договор со кошаркарскиот клуб Куманово. Миса потекнува од школата на КК Струга, а во Куманово доаѓа од редовите на МЗТ Скопје.

Овој кошаркар ги помина сите категории на македонската репрезентација, поточно настапуваше за селекциите на Македонија до 14,16 и 18 години.

Новата управа на Куманово ги продолжи договорите со Адем Мекиќ, Мирко Ковач и Бранислав Ѓекиќ, а го доведе Игор Пенов.