ВИДЕО: Дамјан Јакимовски, синот на градоначалникот на Карпош, го постигна последниот кош во полуфиналето

Составот на Карпош Соколи се избори за ново финале и нова можност за прв трофеј, откако се пласираше во финалето во Суперкупот, совладувајќи го Куманово во полуфинале. За потсетување лани споменатата екипа играше финале во Купот на Македонија, интересно против утрешниот противник, МЗТ Скопје кој славеше тогаш.

Главнатa улога во екипата на Синиша Матиќ, како и минатата сезона, ја имаат странците, а еден од ретките Македонци во тимот кој доби минутажа и имаше некаков ефект, макар и симболичен, е Дамјан Јакимовски.

Токму овој млад кошаркар, инаку син на градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, ги постигна последните поени за својот тим на овој меч.