Дамир Мулаомеровиќ е новиот тренер на Цибона

Дамир Мулаoмеровиќ е изборот на раководството на Цибона за прв тренер, по смената на Славен Римац. Бившиот хрватски репрезентативец во текот на кариерата како играч, два пати го носеше дресот на „волците“ од 1994-1998 година и во 2008 година. Во тренерската кариера до сега ја водеше екипата на Слобода од Тузла.

Смената на тренерот Римац е поради слабите резултати оваа сезона во  Јадранската Лига, каде се на претпоследното место со скор од четири победи и девет порази. Цибона со Славен Римац пред две сезони ја освои титулата во АБА Лигата.