ВИДЕО: Дали судиите ѝ го „украдоа“ финалето на Австралија, Богут смета дека се „потплатени“!

Кошаркарската селекција на Австралија беше на чекор до прво историско финале на едно Светско првенство, но немаше среќа во клучните моменти и по две продолженија беше поразена од фаворитот Шпанија. 

Но, еден момент од самиот финиш на регуларниот дел остави голема дилема дали „кенгурите“ се драстично оштетени во ова полуфинале. По една борба за топка, судиите досудија сомнителен фаул над Марк Гасол, по што следуваше големо незадоволство во таборот на Австралија, а Ендру Богут смета дека тука некој ги потплатил судиите!

  • Погледнете ја ситуацијата од финишот на регуларниот дел на мечот: 

Во финалето Шпанија ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Аргентина и Франција.