ВИДЕО: Дали Мареј заслужи поголема казна откако со лакт го нокаутира Леброн?

Кошаркарите на Денвер Нагетс успеаја да се вратат во игра во западното финале на НБА лигата, откако ноќва извојуваа сигурна победа над Лос Анџелес Лејкерс од 114-106.

Нагетси имаа резултатска предност во поголемиот дел од средбата и на крајот заслужено намалија на 2-1, а меѓу другото, натпреварот го одбележа и „дуелот“ меѓу Џамал Мареј и Леброн Џејмс.

Имено, во последната четвртина, Мареј со лакт го удри Леброн, што доведе до неспортски прекршок од прв степен. 

Иако за овој детаљ се зборуваше многу во американските медиуми, ѕвездата на Лејкерси се обиде да ги смири страстите.

„Не ме интересираат неспортски прекршоци од прв или втор степен. Не сакав Мареј да излезе од игра. Сакам конкуренција. Мислам дека не го стори тоа намерно“, рече Леброн.

Леброн дуелот го заврши со 30 поени, 11 асистенции и 10 скока, додека Мареј реализира 28 поени, 12 асистенции и осум скока.