ВИДЕО: Дали „Кралот“ Џејмс го најави крајот на својата блескава кариера?

„Кралот“ Леброн Џејмс наскоро би можел да ја заврши својата богата кошаркарска кариера. Најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата (единствен со над 40,000 поени) ја „пецна“ јавноста со едно видео кое е наречено - „Одлуката на сите одлуки“. 

Се претпоставува дека Леброн вистински би можел да стави крај на кариерата, но уште не е познато што точно сака да соопшти. Во секој случај, оваа објава предизвика огромно внимание на социјалните мрежи. 

Славниот американски кошаркар е четирикратен освојувач на НБА лигата, и важи за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. 

Одлуката е најавена за седми октомври во 18:00 часот по македонско време.