ВИДЕО: Дали е ова најбизарната прес-конференција? Траеше само пет секунди

Тренерот на Валенсија, Педро Мартинез, одржа веројатно една од најкратките конференции за медиуми во историјата на Евролигата, по поразот на неговиот тим во Париз со 90-86.

Шпанскиот состав имаше речиси целосна контрола врз мечот водеше со седум разлика, ама на крајот дозволи двоцифрена серија на домаќинот со која го загуби мечот. Фрустрираниот Мартинез пристигна на прес-конференцијата во салата во Париз, меѓутоа беше многу краток.

„Резултатот беше 90-86“, прокоментира Мартинез, стана и замина од прес-салата.

Ова беше една од најкратките прес-конференции досега. Потегот на тренерот беше дури и бизарен, а јасно се гледаше дека се обрати од говорницата само за клубот да избегне казни поради протоколите.