• Горан Упале

Кошаркарите на Алба oд Берлин приредија големо изненадување и во 30. коло од Евролигата во Берлин го победија Анадолу Ефес со резултат 95-93.
Човек на одлука беше Лук Сикма, кој на секунда пред крајот ја заби топката во кошот на турскиот состав за огромна радост на трибините. Во натпревар со многу пресврти, германскиот тим ја забележа втората последователна победа и сега има скор од 9-21, додека двократниот европски првак по четвртиот пораз во последните пет натпревари (14-16) драстично ги намали своите шанси за пласман во плеј-офот.
За Алба најдобар поединец беше Смит со 25 поени, додека за Ефес бадијала блесна со 30 поени, четири скока и три асистенции.
Кошаркарите на Барселона стигнаа до посакуваната победа над Панатинаикос во Атина и математички обезбедија пласман во плеј-офот во Евролигата. Претходно тоа им успеа на Олимпијакос и Реал Мадрид.
Каталонците го Грција славеа со резултат 88-74 и сега имаат скор 20-10, додека ПАО падна на 10-20.