Далас сонува да формира дуо Дончиќ-Антетокумбо

Далас

Марк Кубан и Далас Маверикс имаат сон во екипата да го донесат Јанис Антетокумбо. Гркот би бил дел од триото кое ќе го формира заедно со Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис.

Првата ѕвезда на Милвоки Бакс наредното лето ќе има можност да одлучува за својата иднина. За првпат во кариерата ќе биде слободен агент и ќе слуша понуди од сите страни, со оглед на големиот интерес од поголемиот дел од НБА екипите. Голден Стејт исто така ќе тргне по потписот на овогодишниот МВП играч, а место во својот „салари кап“ прават и Мајами и Торонто. Од трите екипи најголеми шанси имаат „жешките“, кои ќе се обидат да го искористат агентот на грчкиот кошаркар, кој соработува и со Бам Адебајо, првиот центар на тимот.

Далас верува дека има проект кој ќе биде атрактивен за Антетокумбо. Сепак, проблем ќе бидат најавите на Милвоки, кој ова лето ќе се обиде да му обезбеди посакувани засилувања и конкурентна екипа за шампионска титула.

Јанис игра во НБА лигата од 2013 година, кога беше избран како 15-ти пик на драфтот од Бакси.