• Зоран Мишевски
Ноќва се одиграа осум натпревари во најсилкната кошаркарска лига во светот.
Во тесната победа на Атланта над Лос Анџелес Клиперс од 112-108, Трае Јанг вгради 30 поени и осум асистенции, додека Деандре Хантер постигна 20, Дежонте Мареј 16, а Џон Колинс 13 поени. Кај Клиперси, кои го претрпеа шестиот пораз во низа, најдобар беше Каваи Ленард со 29 поени, додека Ивица Зубац натпреварот го заврши со 17 поени и 18 скока.
Бруклин го победи тимот на Мајами на гости со 101-102, но новата победа на Нетси остана во сенка на повредата на Кевин Дурант. Откако ја започна сезоната со само девет победи во првите дваесет натпревари, Бруклин сега е во серија од 18 победи во последните 20 натпревари. До вториот триумф стигнаа во неизвесна завршница, благодарение на поените на Рос О'Нил на 3,2 секунди до крајот. Кајри Ирвинг ги предводеше Нетси со 29 поени, Сет Кари додаде 14, а Ник Кларксон запиша 13 поени и 11 скока. Кевин Дурант се повреди на крајот од третата четвртина кога по еден дуел со Џими Батлер се фати за десното колено, отиде во соблекувалната и не се врати повеќе во игра. Во тимот на Мајами најефикасен беше Батлер со 26 поени, а два помалку постигна Тајлер Хиро.
И без повредениот Џа Морант, Мемфис на домашен терен ја победи Јута со 123-118 и сега повторно е израмнет на првото место во западната конфедерација со Денвер со по 26 победи и 13 порази. Дезмонд Бејн го предводеше Мемфис со 24 поени и девет асистенции, а Џерен Џексон додаде 19 поени, девет скока и пет блокади. На другата страна најефикасен беше Лаури Марканен со 21 поен.
Оклахома победи на домашен терен против Далас со 120-109, за кој не настапи Лука Дончиќ поради повреда на левиот зглоб. Шај Гилгес-Александер ја предводеше Оклахома со 33 поени, додека Кристијан Вуд беше најдобар кај Далас со 27 поени и 16 скока.