ВИДЕО: Далас ја сопре серијата на Јута од девет победи, Бруклин го доби дербито на Њујорк

Екипата на Далас Маверикс слави со 111-103 во дербито против Јута Џез, со што ја скрати серијата на лидерот од девет последователни победи. Лука Дончиќ и соиграчите имаа целосна резултатска контрола и заслужено победија, во натпревар што за нив е петто славје во низа. Џезерите парираа само на стартот, а потоа беше во константен резултатски дефицит. Предноста значително порасна во вториот дел кога Мавси се одлепија и победија. 

  • Далас Маверикс - Јута Џез: 

Најефикасен и најкорисен на теренот беше Дончиќ, кој речиси запиша „трипл-дабл“ со 31 поен, девет скокови и осум асистенции. Кај Јута се истакна Конли со 28 поени и седум асистенции, додека кај поентерите следеа Финли-Смит со 23, Брунсон со 20 и Ричардсон со 17, а кај Јута Богдановиќ, Кларксон и Мичел имаа по 16 поени. 

Бруклин Нетс го добија дербито на Њујорк против Никси, минимално со 114-112. Во изедначен натпревар на двете екипи од Њујорк, „дрим-тимот“ кој тукушто се склопи покажа искуство и победи. Иако не играше Дурант, а Харден мина само четири минути на теренот, Нетси сепак стигнаа до триумфот. Кајри Ирвинг го водеше тимот со 40, додека Грин даде 23 поени. Кај Никси Барет собра 22, а Булок бепе автор на 21 поен. 

На останатите натпревари, Минесота Тимберволвс го доби Сакраменто (116-106), Торонто славеше против Вашингтон (103-101), додека гостински победи запишаа Детроит кај Оклахома (108-132), Кливленд беше подобар од Сан Антонио (101-125) и Феникс триумфираше кај Хјустон (130-133).