Далас има јасен план за Дончиќ, се споменува и Антетокумбо

Лука Дончиќ важи за еден од најталентираните играчи во НБА-лигата, а Далас Маверикс смета на него на подолг рок и сака од Словенецот да направи клупска легенда како што тоа беше Дирк Новицки.

Дончиќ ќе биде темелот на екипата и врз него ќе се гради останатиот дел од тимот. Медиумите од САД пишуваат дека Далас е подготвен да го ослободи било кој друг играч, а тоа да не е Дончиќ или Порцингис.

Далас сака да го искористи талентот на Дончиќ максимално како што тоа во минатото го направи Чикаго со Мајкл Џордан и ЛА Лејкерс со Коби Брајант, а крај него за напредок ќе има уште една ѕвезда. Како главна опција се споменува Јанис Антетокумбо од Милвоки.

Дончиќ со Далас има договор уште две сезони, а потоа сигурно ќе следи нов договор со максимален износ. Екипата од Тексас сака да ја нападне НБА-титулата, а со триото Дончиќ, Антетокумбо и Порцингис се гледа можност за такво нешто.