Далас го ангажираше човекот кој ја донесе историската титула за Торонто

Масај Уџири, човекот кој стоеше зад шампионскиот тим на Торонто Репторс од 2019 година, ќе биде новиот прв оперативец на Далас Маверикс.

Искусниот Уџири ја презема функцијата претседател на кошаркарските операции, со задача да го врати клубот од државата Тексас на победничките патеки.

Далас зад себе има разочарувачка сезона, далеку од плеј-офот, што доведе до големи промени во раководната структура и одлука да се ангажира докажано име со шампионско искуство.

Уџири е најпознат по тоа што го изгради тимот на Торонто кој ја освои единствената титула во историјата на франшизата, а неговите потези, меѓу кои и доведувањето на Кавај Ленард, се покажаа како клучни за тој успех.

Со неговото доаѓање, Маверикс најавуваат нов почеток и обид за целосна реконструкција на тимот, со јасна амбиција повторно да станат конкурентни во НБА лигата.