ВИДЕО: Далас без Дончиќ и Порзингис со супер кам-бек ја реши Јута

Далас Маверикс забележа нова победа во рамки на НБА-лигата, откако славеше над Јута Џез (114-122), иако на натпреварот во Орландо беше без двајцата најдобри кошаркари.

  • Извештај од натпреварот:

Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис имаа мали повреди поради напорниот ритам, па добија поштеда, но и тоа не беше пречка за „маверикси“ да дојдат до посакуваниот триумф. До посакуваниот резултат се дојде во последниот квартал, кога Далас постигна 34 поени, наспроти 14-те на Јута.

На влезот на последните десет минути Јута имаше предност од десет поени (100-90). Далас отвори одлично, направи серија од 0-12 и комплетно го сврте мечот во своја корист. Целата серија ја направија Клебер и Хардавеј, а одличен беше првиот, со осум од дванаесетте поени во серијата.

Најдобар во победата на Далас беше Хардавеј со 27 поени, Сет Кари реализира 22 поени, а трето име беше Бобан Марјановиќ кој ја доби првата поосетна минутажа и флертуваше со „дабл-дабл“ (20п. 9ск.). Кај Јута најефикасен беше Кларксон со 18 поени.