ВИДЕО: „Дабл-дабл“ на Јокиќ, Денвер ја продолжи битката со „воините“ за прво место на Западот

Кошаркарите на Денвер Нагетс на гостински терен запишаа нова победа против Вашингтон Визардс (108-113) и ја продолжија битката со Голден Стејт Вориорс за освојување на првото место во Западната конференција.

  • Извештај од натпреварот:

Нагетси конечниот исчекор кон победата го направија во последната четвртина, кога направија серија од 3-15 и се одлепија на +10 (90-100). Кај тимот на Денвер, Никола Јокиќ запиша „дабл-дабл“ (15 поени и 11 асистенции), а уште четворица негови соиграчи запишаа по 15 поени. Во тимот на Вашингтон најефикасен беше Бредли Бил со 25 поени.

Голден Стејт Вориорс на домашен терен ја совлада Индијана Пејсерс со 112-89 и остана лидер на Западот, со една победа повеќе од Денвер, но и натпревар повеќе. „Воините“ ја презедоа предноста во средината на втората четвртина и не ја испуштија до крајот за нов убедлив триумф. Најефикасен кај победничкиот тим беше Казинс со 19 поени, а кај Индијана се истакна Еванс со 20 поени.

  • Извештај од натпреварот:

Лука Дончиќ запиша нов „дабл-дабл“ учинок (13 поени и 10 скока), но неговиот Далас Маверикс го запиша третиот пораз во серија, откако на гости загуби од Сакраменто Кингс со 116-100. Најзаслужен за победата на „кралевите“ беше Хиелд со 29 поени.

  • Извештај од натпреварот:

Во останатите натпревари, Шарлот Хорнетс славеше важна победа против Минесота Тимбервулвс со 113-106, Атланта Хокс ја изненади Јута Џез со 117-114, а Детроит Пистонс на гости го совлада Феникс Санс со 98-118.