Цветковски си замина од МКФ, в.д комесар ќе биде Трпушевски

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ќе добие нов Комесар за натпреварување, затоа што Владимир Цветковски од денес повеќе не ја врши таа функција.

Цветковски си поднесе оставка, а за негов наследник и привремен в.д комесар ќе биде именуван Горан Трпушевски, кој и претходно веќе ја има вршено функцијата Комесар за натпреварување при МКФ.

По крајот на актуелната сезона, на состанок на Управниот одбор, се очекува да биде именуван нов комесар за натпреварување.