ЦСКА убедливо најтрофејна на Ф4, Барса најголем „губитник“ меѓу четирите

Денес стартува завршниот турнир во Евролигата, а бранител на трофејот од последната доиграна сезона е ЦСКА Москва. Откако минатата година, поради ковид-кризата натпреварувањето беше прекинато, оваа сè се одвиваше според планот. 

Токму бранителот на трофејот, ЦСКА е најтрофејна во конкуренцијата на четири екипи во очи фајналфор турнирот. Рускиот клуб со осум златни одличја и дури шест загубени финалиња е далеку најискусен во конкуренцијата. Последното злато е од 2019 година, а претходно дојдоа до трофејот и во 2016. 

Изненадувачки, иако титулите фигурираат од многу одамна, на второто место е Олимпија Милано со три. Во сезоните 1965/66, 1986/87, 1987/88 „манекените“ се искачуваа на врвот на Европа и се втори по овој параметар во конкуренцијата. 

Барселона пак е најголем „губитник“ меѓу четирите, бидејќи покрај двата трофеи од 2003 и 2010 година, има дури пет загубени финалиња. Единствен тим кој нема одличје е Анадолу Ефес, со само еден пораз во мечот за трофејот, во 2019 година од ЦСКА Москва. Сепак, токму Турците важат за еден од главните кандидати за највисок пласман оваа година.