• Сашо Поповски

Кошаркарите на ЦСКА Москва прикажаа убедлива игра кај Панатинаикос (74-98) во првиот натпревар од новата година во Евролигата.
Рускиот тим беше супериорен, особено во првиот дел. Гостите го разбија противникот во втората четвртија, која ја добија со +21. Тоа ги скрати сите надежи на ПАО дека може да ги зирадува домашните навивачи.
Продолжението донесе поизрамнета игра, но беше касно за да се очекува неизвесност. Григонис со 19 и Хакет со 17 поени ги предводеа „армејците“ во нова победа на европската сцена.
Дуелот меѓу Макаби и Алба Берлин, кој требаше да се одигра денес, беше одложен поради проблеми со коронавирусот.