ЦСКА разгледува можност да игра два меча во Евролигата надвор од Русија

ЦСКА Москва

Претседателот на европскиот првак ЦСКА Москва, Андреј Ватутин, откри дека клубот размислува да искористи опција да биде домаќин на два меча од Евролигата надвор од Русија.

Се работи за датумите 26 декември и 3 јануари кога се закажани дуелите со Панатинаикос и Армани Милано. 

„Се уште немаме конечна одлука за тие натпревари, бидејќи не знаеме дали ќе имаме соодветни арени на располагање. Ја известивме Евролигата за нашиот проблем уште во јуни кој се појави поради густиот распоред.

Бараме алтернативи во Русија, но и во Европа. Со задоволство ќе прифатиме понуди од европски градови“ , вели Ватутин.

Капацитетот на секоја заинтересирана арена треба да биде најмалку 7.000 столчиња.