ВИДЕО: ЦСКА по продолжение го освои Истанбул, прв триумф за Реал Мадрид во Евролигата

ЦСКА Москва се радуваше на триумф по продолжение кај Фенербахче во Истанбул и со 77-78 запиша втора победа во Евролигата. Во еден крајно неизвесен натпревар, во трилер завршница немаше победник по регуларните 40., па се играа дополнителни пет минути. 

  • Потег на натпреварот: 

Стартот од мечот беше слаб на поени, но стрелците се расположија пред полувремето. Сепак, ниту еден тим не се одлепи и пред паузата имаше огромна неизвесност. ЦСКА и Фенер се менуваа со предност на натпреварот, турскиот тим играше подобро во финишот, ама Русите се вратија на време. Во продолжението ЦСКА беше поквалитетен ривал и стигна до минимален триумф на тешкото гостување во „Улкер Арена“. 

  • Фенербахче - ЦСКА Москва 77-78:

Вил Клајбурн со 26 поени ја предводеше својата екипа во Турција, додека Нандо ДеКоло од Фенер запиша 21. 

Химки беше пречка за Реал Мадрид само на стартот од мечот, ама „кралевите“ го покажаа квалитетот и со 94-85 ја запишаа првата победа во новата сезона од Евролигата. По шокантните неуспеси и поразите од Валенсија и Басконија, избраниците на Ласо конечно победија. 

  • Реал Мадрид - Химки 94-85:

Рускиот ривал парираше само на старот кога имаше и мала предност. Сепак, пред паузата Реал го контролираше натпреварот. Почетокот од вториот дел беше клучен и тогаш беше направена највисоката предност од +15, која подоцна беше недостижна за Химки. 

Дејвин Букер беше најпрецизен играч на средбата со 22 поени, но веднаш зад него беа искусниот Серхио Љуљ и соиграчот Зајцев со еден помалку.