ЦСКА плаќа обештетување, Милутинов се сели кај европскиот првак?

Европскиот првак ЦСКА Москва подготвува големо засилување како одговор на трите заминувања на Де Коло, Родригез и Хигинс. Клубот од Москва испратил понуда која не се одбива до Олимпијакос за Србинот Никола Милутинов. Високиот центар пред неколку месеци го продолжи договорот со Олимпијакос до 2020 година, единствено со опција да си замине за понуда од НБА лигата.

Сепак, ЦСКА Москва е спремна да плати обештетување, а Грците со тие пари ќе состават комплетно нова екипа која ќе игра во Евролигата. Детали не се познати, но се претпоставува дека согласност постои од сите страни.

24-годишниот Милутинов е дете на Хемофарм, се афирмира во Партизан, а од 2015 година го носи дресот на четирикратниот европски првак од Грција. Милутинов се наоѓа на списокот на Ѓорѓевиќ за Мундобаскетот во Кина.