ЦСКА нема да добие право на настап во Евролигата, клубот најави тужба

На рускиот гигант ЦСКА Москва нема да му биде дозволено да учествува и следната сезона во Евролигата. Попладнево клубовите акционери во Евролигата ќе одржат состанок на кој и официјално ќе ја потврдат оваа одлука. 

Евролигата ги суспендираше ЦСКА, Зенит и УНИКС Казан во март годинава. Сепак, за разлика од другите руски клубови, ЦСКА Москва е во одборот на акционери на лигата и има долгорочна А лиценца.

Московјани можат да поднесат голема тужба против Евролигата доколку не им биде дозволено да се вратат во натпреварувањето и не е исклучена можноста да го добијат случајот. Местата на руските клубови во кошаркарската елита ќе ги заземат Валенсија на Ненад Димитријевиќ и Партизан